DebitursDebiturs
Forgot password?

Hotel Makpetrol – Mavrovo

Достапност на аражманот

Сместување во двокреветни соби: Ноќевање со појадок 27 Евра по лице на ноќ Полупансион 33 Евра по лице на ноќ Сместување во апартман: Ноќевање со појадок 36 Евра по лице на ноќ Полупансион 42 Евра по лице на ноќ • Цените се по лице на ноќ со вклучен ДДВ и Такса за привремен престој. • Доплата за користење на еднокреветна соба +30% на горенаведените цени • Попуст за користење на трето легло во соба (7 и повеќе години) -30% на горенаведените цени • Доплата за Полн пансион +10 евра по лице за оброк • Дете до 6 години гратис (не користи посебно легло и оброк) • Цените не важат за семинари, организирани групи, посебни манифестации, празници и сл. • Плаќањето се врши во денарска противвредност по среден курс на НБРМ • Хотелот го задржува правото на промена на цени без предходна најава – освен за резервации обезбедени со договор. • Горенаведените цени важат за индивидуални гости кои престојуваат најмалку 2 последователни ноќевања. • При 1 ноќевање на овие цени се пресметува +30%. • За престој од 6 и повеќе ноќевања се пресметува -10% попуст на дадените цени. Понуда за Новогодишните празници • Пакет аранжман со 2 ноќевања и 2 свечени вечери 120 Евра по лице • Пакет аранжман со 3 ноќевања и 2 свечени вечери 160 Евра по лице • Дадените цени се по лице за сместување во двокреветна соба • Условите за деца, користење на еднокреветна соба, трето легло се согласно општите услови од редовниот ценовник • Секоја дополнителна ноќ се пресметува по редовниот ценовник • Свечен дочек на Нова Година 30 Евра по лице • Свечена вечера на 01.01.2021 год. 25 Евра по лице
Термини Цена по лице
25.12.20202,046ден
Хотел
3 ѕвезди
Маврово
0038972311810
14:00
12:00

Хотелот „Макпетрол” – Маврово е сместен во пазувите на планината Бистра, покрај Мавровското Езеро на 1300 метри надморска височина во националниот парк „Маврово”, со извонредни услови за зимски и летен одмор и рекреација.

Хотелот се состои од 40 двокреветни соби и два апартмани, сопствен паркинг и скијачка гардероба. Собите се опремени со сателитска ТВ, телефон, мини бар, бања и балкон со прекрасен поглед на ски патеките.

Хотелот работи на база на полупансион. Има климатизиран ресторан со 300 места, аперитив бар и летна тераса со национални и меѓународни специјалитети.

Хотелот располага со климатизиран мултимедијален простор, ТВ сала, снек бар и сала погодна за конференции, семинари, симпозиуми и разни прослави.

Одлично подготвените патеки за скијање и беспрекорното функционирање на трите кабелски патеки, дванаесетте ски-лифта, како и патеките за снег гарантираат незаборавни празници и рекреација за љубителите на зимскиот спорт. Ноќното скијање и прекрасната панорама се уште едно пријатно изненадување за гостите кои го посетуваат овој најпознат туристички спортски центар.
Вистинска летна празнична шанса за уживање во џагорливоста на реката и планинскиот воздух.

За љубителите на рекреацијата постои можност за долги прошетки и планинарење, планински велосипедизам, лов и риболов, посета на пасиштата Бистра, манастирот Свети Јован Бигорски и селото Галичник каде се зачувани старите македонски култура и обичаи. За спортистите постои можност да организираат вежбање во спортската сала како и на спортски терени на отворено.

Политика на Hotel Makpetrol – Mavrovo

14:00
12:00

Услугите на Hotel Makpetrol – Mavrovo

  • WI FI
  • БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ
  • БЕСПЛАТЕН ПОЈАДОК
  • КЛИМАТИЗАЦИЈА
  • ТЕЛЕВИЗИЈА
  • ТЕЛЕФОН
  • ФРИЖИДЕР

Преглед на оценки (0 оценки)

Hotel Makpetrol – Mavrovo Маврово

Целокупна оцена на овој аранжман

Вашето име

Е-маил адреса

Наслов на вашата оцена

Вашата оцена

Каков вид на патување е ова?

  • Бизнис
  • Двојки
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло